Direk yükle

Целта на Архитектонскиот факултет при Меѓународен Универзитет Визион е создавање на високо квалитетни и строго обучени кадри, чија позадина и едукација рефлектира на тековното ниво на технологија и професионална мисла со што може директно да навлезе во инженерската пракса и постдипломска дообразба.
Архитектонскиот факултет при Меѓународниот универзитет Визион ќе вложи големи напори во воспоставувањето на проекти на соработка, така што освен соработката со релевантни компании од државата и регионот, ќе воспостави соработка и со државни институции, на тој начин ќе ја промовира својата важна улога и во интерес на целото општество. Непосредната примена на нејзините научни достигнувања ќе се оствари преку нејзината високообразовна дејност, односно преку организирање на додипломски и последипломски студии.
Суштината на програмата е во развојот на значително поистакнато проектирање на искуството кое се гради врз фундаменталните концепти од математичките науки, информатичките науки, дизајн и проектирање.
Задоволување на интересот на младите и возрасните за завршување на високо образование.
Новите ст.програми се во функција на економско зајакнување на одредени региони во Републиката.
Намалување на одливот на студенти кои го реализираат својот интерес за студирање во соседните земји.
Други цели на студиската програма:
– Обезбедување на врвно високообразование на студентите базирано на европските и светските стандарди;
– Инкорпорирање на најновите научно-истражувачки и стручни достигнувања во наставата;
– Изведување на настава преку студиска програма заснована на Европскиот кредит трансфер систем (European Credits Transfer System – EKTS), приспособена во согласност со Болоњската декларација;
– Активно вклучување на студентите, наставниот и соработничкиот кадар во програми на мобилност и размена заради стекнување и пренесување на знаења и искуство;
– Вклучување во меѓународни образовни, научно-истражувачки и стручно-апликативни проекти;
– Пренос на знаења и технологии спрема други корисници од индустријата и јавните субјекти.

Etiket:

Академски Соработки